Знаци што не смеете да ги игнорирате: Пет симптоми што му се припишуваат на загадениот воздух

Иако се смета за редок симптом, болката во грбот, рамената па дури и градите може да биде показател на рана фаза на рак, кој ако се дијагностицира навреме, може да се излекува.

Загадениот воздух е тема што е сè позастапена, а лекарите апелираат да направиме сè што е потребно за да ги заштитиме дишните органи и да обрнеме внимание на нашите бели дробови.

Ви откриваме 5 симптоми што никако не смеете да ги игнорирате:

Болка во грбот и рамената
Иако се смета за редок симптом, болката во грбот, рамената па дури и градите може да биде показател на рана фаза на рак, кој ако се дијагностицира навреме, може да се излекува. Ако станува збор за силна болка што трае подолго од вообичаеното или доколку имате сè почести болки во овие регии од телото, задолжително јавете се кај вашиот матичен лекар.

Кашлица
Додека кашлицата вообичаено се поврзува со зимските настинки или хроничните проблеми со дишните органи како астма и бронхитис, важно е да знаете да ги разликувате различните видови кашлица. Акутната и субакутната кашлица може да биде знак за рак на белите дробови, особено кога е придружена со уште некој симптом на болеста како што е искашлувањето крв.

Краток здив
Чувството на задушување односно недостаток на воздух најчесто се јавува кај пациентите што имаат проблеми со астма и алергии. Доколку забележите дека во последно време имате отежнато дишење, лекарите советуваат да престојувате што почесто во природа, како и да воведете некоја физичка активност.

Жолти белки и жолт тен
Овој симптом честопати се занемарува, но важно е да обрнете внимание бидејќи е јасен показател на дисфункција на црниот дроб, што може да се јави и во случаи на рак на белите дробови. Жолтите белки се уште еден показател на проблеми со дишните патишта.

Недостаток на енергија
Проблемите со спиењето и стресот можат да предизвикаат замор, но доколку премногу често чувствувате тотална исцрпеност, а притоа кашлате и имате намален апетит, можно е да се соочувате со подмолна болест. Затоа редовно правете анализи на вашето тело и навремено дејствувајте на секој појавен симптом.

Честото уринирање за време ладните денови може да биде знак за смртоносна состојба?

За многумина доаѓањето на зимските месеци значи само едно – почесто одење во тоалетот.
Не само што станува збор за иритантна појава, туку како што предупредуваат експертите, може да биде знак на смртоносна состојба. Имено, во некои случаи станува збор за ладна диуреза, која во екстремни ситуации може да биде фатална за животот.

Ладната диуреза може да се појави кога телесната температура ќе се намали. Биолошкиот одговор на студот е да пренасочи повеќе крв кон вашите витални органи за да ги загрее, а бубрезите ослободуваат повеќе течности за да го стабилизираат притисокот кој притоа се зголемува.
И токму тој процес го зголемува производството на урина, поради што почесто уринирате во зима, објаснуваат лекарите.

Честото уринирање како резултат на диурезата, всушност, може да биде штетно за природната рамнотежа на солите, водата и минералите во телото. Тоа може да доведе до хипонатремија кога недостасува натриум или до хиперкалемија кога има премногу калциум кога недостасува. Сите три состојби може да станат екстремни, појаснуваат лекарите.

Главниот начин да ја спречите ладната диуреза е добро да се облечете и да избегнувате да престојувате на студено подолго време.

Ако спиете со отворена уста, веднаш одвикнете се од лошата навика

Доколку често спиете со отворена уста, штетата може да биде голема како и пиењето газирани пијалаци пред спиење.

Спиењето со отворени уста може да предизвика разни проблеми со забите, дури до таа мера да можете да останете без нив. Имено, плунката има природна способност да ги уништува бактериите што произведуваат киселина. Колку што е помало производството на плунка, толку повеќе бактерии имате во устата, но и киселина, па забите побргу пропаѓаат.

Кога спиеме со отворена уста, усните се сушат, а токму тоа е причината зошто таа навика штетно влијае на забите. Имено, кога усните се суви, исчезнува заштитниот слој на плунката. Тогаш нивото на киселина во устата расте, а тоа ја гризе забната глеѓ. Најчесто пациентите со астма и опструктивна спиечка апнеа дишат на уста ноќе.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот