Знаци на предвремено стареење: Како да ги препознаете и да ги спречите

Фото: Unsplash / Matthew Bennett

Можеби ви станува потешко да го отворите контејнерот или да го држите воланот во автомобилот на 50 години, но ако тоа се случува порано може да укажува на некои други проблеми, како што се артритис или оштетување на нервите! Телото наоѓа начини да ви испраќа сигнали дека стареете предвреме.

Еве неколку примери кои можат да покажат дека можеби станува збор за здравствен проблем:

Се движите побавно од вообичаено

Ако сте во рани 40-ти години и почувате да чувствувате дека движењето ве заморува или се движите побавно од вообичаено, можно е да стареете порано од предвиденото.

Пешачењето е најлесно и една од подобрите вежби за физичка активност што може да ги практикувате. Започнете со 5 минути на ден, за да стигнете до 30 минути пешачење. Обидете се да правите 100 чекори во минута, а за да ви биде полесно, обезбедете си удобни патики и добро друштво.

Дамки од сонце

Кафеавите дамки од сонцето често се појавуваат на лицето, рацете и дланките. Тие се вообичаено, особено ако имате над 50 години. Претежно се безопасни и се резултат на долгогодишно изложување на сонце. Доколку дамките се црни, го менуваат обликот или крварат најдобро е да посетите лекар.

пензионери
Фото: Pexels / Noelle Otto

Проблеми со меморијата

Лесните промени во меморијата ја придружуваат фазата на стареење и обично се јавуваат веќе во 40-тите години. Можеби ќе ви треба малку повеќе време да се сетите каде се клучевите од вашиот автомобил или зошто влеговте во собата. Во повеќето случаи, деменција се јавува после 65-тата година од животот – а тоа не е нормален дел од стареењето. За да го задржите вашиот мозок активен и здрав експертите препорачуваат да се хранете здраво и да вежбате. Обидувајте се често да бидете во друштво.

Болки во зглобовите

Кога влегувате во фаза на стареење, шансите за развој на остеопороза кај мажите се зголемуваат по 45-тата година од животот, а кај жените по 55-тата. За тоа нема лек, но може да го забавите  процесот на остеопороза со само еден час пешачење во текот на денот, вежби за флексибилност или аеробик.

Сува кожа

Како што старееме нашата кожа произведува помалку маснотии, така што може да стане сува, особено по 40-тата година од животот. Сепак, оваа состојба може да се спречи доколку одредени совети:

– туширајте се со топла, а не врела вода

– чистете ја кожата редовно и нанесувајте креми

– не заборавајте да пиете многу вода

– не поминувајте многу време во простории каде што воздухот е сув

unsplash
Фото: Unsplash

 

По телото ви се појавуваат модринки

Ова е честа состојба кај луѓе постари од 60 години. Како што старееме, кожата станува потенка и губи маснотии, а вените стануваат почувствителни. Модринки може да предизвикаат и некои лекови. Би требало да посетите лекар доколку  често ви се појавуваат големи модринки особено на градите или на лицето.

Проблеми со видот

Откако ќе наполните 40 години, постои можност дека малку по малку ќе ви се намалува видот, а тоа не е невообичаено. За да го намалите ризикот од развој на некои сериозни болести како што се глауком и дегенерација на макулата, лекарите советуваат да носите очила за сонце, да престанете да пушите (доколку сте пушач), да јадете здраво, да вежбате и редовно да ги проверувате очите.

Нередовна менструација

Кон крајот на 30-тите, менструалниот циклус може да стане нередовен, и ова е време на подготовка за менопауза. Во овој период телото не произведува иста количина на естроген како во младоста, што значи дека менструацијата може да ја менува обилноста или да доаѓа поретко. Ако чувствувате болка во овој период од месецот, најдобро е да се консултирате со лекар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот