Знаци кои јасно покажуваат дека вашиот партнер е себичен во сексот

Себичните луѓе неретко се себични и во сексот. Ако имате таков партнер, тогаш збогувајте се со оргазмите.

Не се сите луѓе добри во креветот. Некои се себични и се грижат само за себе и своите потреби и тоа добро се гледа во сексот.

Јасни сигнали дека вашиот партнер е себичен во сексот:

Предиграта е прекратка

Тој не размислува за вас и што ве возбудува. Само неколку бакнежи и се префрла на главниот настан.

Ретко ве задоволува орално

Тој нема обврска да прави нешто што не сака, но ако очекува тоа вие да го правите за него, а тој за вас не, тогаш не е фер.

Во кревет ги наметнува само неговите омилени пози

Ги практикува позите кои ги сака и му се добро извежбани, кога предложувате нешто ново одбива.

Брзо доживува оргазам

Тој ја завршува својата работа за кратко, ужива и не се грижи што вас ве оставил на половина пат.

И сè завршува на тоа

Иако свршил предвреме, тој не се обидува да ве донесе до врвот со рака или на некој друг начин, туку само се покрива и си заспива.

Не се грижи за личната хигиена

Се чувствувате непријатно кога ја занемарува личната хигиена, но му простувате затоа што „тој е маж“.

Сака секс по секоја цена, дури и кога вие не сте расположени

Ниту едно објаснување не е доволно за него за да се откаже од идејата да имате секс.

Не ги гледа овие проблеми

Кога се обидувате да дискутирате со него за проблемите со сексот тој се смее и вели дека вие сами си измислувате сè. Во најдобар случај вели дека ќе се обиде, но не менува ништо.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот