Знаци кои укажуваат дека на вашиот партнер му треба секс

Фото: Pexels/Vitaliy Izonin

Медицинската сестра Риа В., која анонимно објавува содржини на платформата Тик-ток, смета дека редовните сексуални односи се многу важни за менталното и физичкото здравје на секоја личност.

Во своето кратко видео, кое има речиси два милиони прегледи, Риа ги сподели најчестите знаци кои укажуваат дека на вашиот партнер му треба секс. Исто така, таа потенцираше дека овие знаци се појавуваат и кај жените и кај мажите – подеднакво.

Првиот знак дека на партнерот му недостасува секс е нерасположение без причина. Исто како кога јадете вкусен оброк или кога ја играте омилената игра, така и за време на сексуалниот однос се лачи допамин – невротрансмитер кој ја контролира реакцијата на мозокот на награда или уживање и е одговорен за расположението на една личност.

Колку е помало нивото на допамин, толку луѓето се понесреќни. Ретките сексуални односи поттикнуваат нагли промени во расположението – на полошо.

Фото: Pexels/cottonbro studio

Проблемите со спиењето, без разлика дали станува збор за потешко заспивање или често будење во текот на ноќта, можат да бидат поврзани со недостатокот на секс.

Медицинската сестра Риа В. објаснува дека за време на оргазмот, мозокот ослободува хормон наречен окситоцин, кој е одговорен за поттикнување на релаксација кај луѓето, односно поквалитетен сон.

Фото: Pexels/cottonbro studio

Третиот знак е избувливост и за најмали ситници, што лесно може да се поврзе со сексуалната фрустрација.

За крај, таа потенцира дека комуникацијата со партнерот е  клучна, а нејзините следбеници на Тик-ток ѝ искоментираа дека сексот е тема која не треба да биде табу и дека треба отворено да се зборува кога оваа активност недостасува.

@nurse.ria11 You gotta communicate with your partner! #nurse #men #health #fyp ♬ som original – wuant

Прочитајте повеќе:

Сексуални проблеми – кога и како треба да разговарате со вашиот партнер за нив?

Знаци кои укажуваат дека на вашиот партнер му треба секс

Бразилец се раздели со четири од осумте сопруги: Барам нови жени, треба да го наполнам креветот

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот