Значително зголемена просечната плата, во декември изнесувала 34 364 денари

Фото: Profimedia

Просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 34 364 денари и во однос на декември 2021 година, е зголемена за 14,8 проценти, објави денеска Државниот завод за статистика.

Ваквото зголемување се должи, пред сѐ, на зголемувањето на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен во секторите: Преработувачка индустрија (20,4 проценти), Уметност, забава и рекреација (20,2 проценти) и Административни и помошни услужни дејности (19 проценти).

Зголемување на просечната месечна исплатена нето-плата по вработен, во однос на претходниот месец, е забележано во секторите: Транспорт и складирање (10,4 проценти), Дејности во врска со недвижен имот (10,2 проценти) и Уметност, забава и рекреација (8,4 проценти).

Како што објави ДЗС, просечната месечна исплатена бруто-плата по вработен, во декември 2022 година, изнесува 51 387 денари

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот