Значително облачно и магливо по котлините

Времето во државата ќе биде умерено до значително облачно, по котлините магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер.

Утринската температура ќе се движи од три до 10, а дневната 12 до 19 степени.

Во Скопје умерено до значително облачно и магливо. Ќе дува слаб до умерен југоисточен ветер. Утринската температура ќе се спушти до седум, а дневната ќе се искачи до 16 степени.

Преку ноќта кон понеделник од запад ќе започнат врнежи кои наутро и претпладне ќе се прошират преку централните делови каде што ќе се со послаб интензитет. Потоа ќе се задржи умерено до значително облачно време, по котлините со појава на магла.

До среда ќе има повремени врнежи од дожд, на места пообилни.

Утринските температури и понатаму ќе бидат над нулата.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот