Значителен раст на цената на златото

Падот на азиските берзи ја зголемија цената на златото на шестгодишен максимум, бидејќи инвеститорите бараат сигурно засолниште за капиталот.

Цената на златото достигна 1.550 долари рано утрово, највисоко ниво од април 2013 година и раст од 20 проценти само оваа година.

Таквиот пораст на цената на златото е резултат на заострувањето на трговскиот конфликт меѓу Вашингтон и Пекинг во текот на изминатиот викенд, што предизвика пад на акциите, обврзниците и цените на суровините.

„Поради сигналот за економски превирања, видовме промена на потезите на инвеститорите кон безбедни средства како златото”, изјави Мадхави Мехта, аналитичар на „Кодак секјуритиз”, додавајќи дека оптимизмот во врска со златото обично расте со пораст на неизвесноста за глобалните пазари на капитал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот