Значителен пад на разводите минатата година

Според податоците на Државниот завод за статистика, бројот на склучените бракови во 2018 година, во споредба со претходната година е намален за 2.1 % и изнесува 13 494 склучени брака.

Најмногу бракови, 1 665 или 12.3 % се склучени во месец август, а најмалку, 738 или 5.5 % во месец март. Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93.0 % за жените и 91.8 % за мажите. Во втор брак со учество од 7.7 %, и во трет брак со учество од 0.5 % во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2018 година, најголем број бракови, 4 446, се склучени кај жените на возраст од 25 до 29 години или 32.9 %. Според возраста, и кај мажите најголем број бракови, 4 999 или 37.0 %, се склучени во истата старосната група од 25 до 29 години.

Просечната возраст при склучување прв брак е 26.9 години за невестата и 29.6 години за младоженецот.

Бројот на разводи во 2018 година бележи намалување од 18.8 % во споредба со 2017 година и изнесува 1 620 разведени бракови. Најмалку бракови, 63 или 3.9 %, во текот на годината се разведени во месец август, а најмногу, 172 или 10.6 %, во месец декември. Според траењето на бракот, најголем број разводи, 322, се случиле од 5 до 9 години по склучување на бракот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот