Значителен пад на барањата за азил во Германија во 2019 година

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека „бројката на баратели на азил во земјата опаѓа веќе трета година по ред”.

Бројот на барања за азил во Германија во 2019 година е намален на 111.094, што е пад од 14,3 отсто во однос на претходната година, јавија германските медиуми.

Меѓу барателите на азил во Германија во претходната година најбројни биле сириските државјани со 26.453 барања, на второто место се најдоа Ирачаните со 10.894 барања, а на трето се Турците со 10.275 барања.

Германскиот министер за внатрешни работи Хорст Зехофер изјави дека „бројката на баратели на азил во земјата опаѓа веќе трета година по ред”.

Тој, сепак, додаде дека миграцискиот притисок на надворешните граници на Европската унија и во Германија и натаму е голем.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот