„Знаат што ќе се случи ако се обидат“: Вашингтон ги призна директните контакти со Москва околу нуклеарното оружје

фото Архива

„Високи функционери на американската администрација и порачаа на Москва дека употребата на нуклеарно оружје ќе доведе до катастрофални последици и оти Вашингтон ќе одговори одлучно“, изјави денеска советникот за национална безбедност на Белата куќа Џејк Саливан во интервју за американската мрежа Си-Би-Ес.

– Разговаравме директно, во четири очи, на многу високо ниво со Кремљ. Секоја употреба на нуклеарно оружје ќе има катастрофални последици за Русија, а САД и нашите сојузници би одговориле многу одлучно во тој случај. Бевме многу јасни и прецизни што ќе значи тоа, рече Саливан.

Изјавата од Белата куќа доаѓа откако изминатава недела, „Вашингтон пост“ објави дека американските власти со месеци наназад имале директни контакти со Русија, кои главно биле насочени кон предупредувања до Кремљ да не помислува на употреба на нуклеарно оружје на бојното поле во Украина.

Изминатава недела, во своето обраќање до нацијата, рускиот претседател Владимир Путин се закани со можна употреба на рускиот нуклеарен арсенал во Украина, потенцирајќи дека тоа „не е блеф“. Неговата „опасна нуклеарна реторика“ беше остро осудена од челниците на САД, ЕУ и НАТО.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот