Знаат ли академците колку е „минималецот“: МАНУ дава плата од 14.909 денари

МАНУ/ Фото: МИА

Македонија во однос на земјите од регионот се наоѓа на дното по месечните примања на вработените и во јавноста има чести дебати како да се зголеми животниот стандард, а на таа тема досега зборувале и академците.

На официјалната страница на Македонската академија за науки и уметност (МАНУ) сè уште стојат огласите за вработувања кои биле активни до 4 август годинава, а во еден од нив, за работната позиција референт-благајник во Одделот за финансиски прашања пишува дека „висината на основните месечни нето-примања за наведеното работно место изнесува 14.909 денари“.

Од април годинава, пак, минималната плата во државава е 15.194 денари, што значи дека институцијата која треба да го преставува највисокиот дострел во науката на секое ниво, понудила плата под законскиот минимум.

Покрај ова вработување, МАНУ понудила уште други две работни позиции: чувар-пожарникар кој ќе зема 15.702 денари нето-плата и соработник внатрешен ревизор (на обука) во Одделот за внатрешна ревизија, кој треба да има завршено факултет, за разлика од другите двајца кои се барале со средно образование и за ревизорот е предвидена плата од 23.634 денари.

Македонија, во однос на земјите од регионот се наоѓа на дното по месечните примања на вработените и во јавноста има чести дебати како да се зголеми животниот стандард, а на таа тема досега зборувале и академците.

Вицепремиерот Фатмир Битиќи завчера во гостувањето во „Утрински брифинг“ на Слободна ТВ, непосредно пред почетокот на научниот собир во МАНУ во рамките на одбележувањето на 30 години на независност на државата, порача досегашните претседатели да дадат одговор за сегашниот животен стандард.

И јас лично очекувам животниот стандард побргу и со поголема стапка да се подобрува, но за жал таква е моменталната состојба на нашата држава. Ете, денес ќе се соберат сите претседатели на Северна Македонија, да зборуваат за состојбите од 1991-2021 и прашањето е: зошто некој дозволил во 30 години да се случи тоа што се случуваше, за да имаме последици кои што денес ги имаме. Да не заборавиме дека само пред 4 години, се трошеа големи суми на народни пари за субвенции и со тоа се гордеевме, а во исто време се плаќаше 9.000 денари минимална плата и се велеше видете каков успех е креирање работни места со 9.000 денари плата. Денес минималната плата е 15.200 денари, знам дека има простор за дополнително зголемување на минималната плата, но за тоа ќе зборуваме по локалните избори, како и каде треба да се движи нашата економија – рече Битиќи.

Премиерот Зоран Заев, пак, на својот фејсбук-профил напиша: „Расте бројот на инвестиции каде што се отвораат нови добро платени работни места со нето-плата која е над просечната“. ()

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот