Златото ги сруши сите рекорди – цената на историски највисоко ниво

Глобалните акции почнаа да поаѓаат кон крајот на минатата недела, откако Вашингтон нареди затворање на кинескиот конзулат во Хјустон, по што Кина врати со затворање на американскиот конзулат во Ченгду.

Зголемената побарувачка на загрижените инвеститори за скапоцени метали, поради влошените дипломатски односи меѓу Кина и САД резултираше со зголеме раст на цената на златото кое на денешното тргување ги сруши сите ценовни рекорди досега и се продава по цена од 1.943 долари што е зголемување за 1,6 отсто.

Се проценува дека европските акции денеска ќе компензираат дел од силниот пад што беше регистриран во петокот, бидејќи терминскиот индекс „EuroStox 50″ утрово зајакна за 0,2 проценти.

Акциите на азиските берзи имаа мешано движење.

Ентузијазмот на кинеските пазари се намали, иако индексот на најликвидните акции CSI300 сепак забележа мало закрепнување од 0,1 проценти во однос на големата загуба што ја регистрираше во петокот.

На нерамномерното тргување на Вол Стрит, индексот на фјучерсите S&P500 порасна за 0,4 проценти, додека индексот на јапонската берза Никеи падна за 0,5 проценти.

Глобалните акции почнаа да поаѓаат кон крајот на минатата недела, откако Вашингтон нареди затворање на кинескиот конзулат во Хјустон, по што Кина врати со затворање на американскиот конзулат во Ченгду.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот