Златото достигна историски највисока вредност во однос на еврото

Тоа се случи бидејќи инвеститорите бараа сигурно засолниште за капиталот откако компанијата „Епл” предупреди на негативното влијание на новиот коронавирус на нејзиното работење.

Цената на златото на светските берзи денеска во еден момент беше највисока во историјата во однос на еврото, додека според доларот го достигна двонеделниот максимум.

Тоа се случи бидејќи инвеститорите бараа сигурно засолниште за капиталот откако компанијата „Епл” предупреди на негативното влијание на новиот коронавирус на нејзиното работење.

Спот цената на златото беше 1.597,71 долари за унца односно забележа раст од 0,75 отсто. Цената на златото во однос на еврото се зголеми за 1,14 на 1.475,97 евра за унца.

И цената на паладиумот забележа раст од 0,76 отсто и изнесуваше 2.537,26 долари. И среброто се продаваше за 1,22 отсто поскапо односно една унца чинеше 18 долари.

Производителот на ајфон предвидува пад на своите приходи во вториот квартл поради епидемијата на новиот коронавирус.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот