Злато и три бронзени медали за македонските средношколци на Светската олимпијада по геонауки

Македонскиот тим доби една златна и три бронзени награди на 13-тата Светска олимпијада по геонауки која се одржува во Јужна Кореја.

Златниот медал е освоен во категоријата практични истражувања, а македонските средношколци освоија и бронзен медал во севкупна категорија и уште две бронзи за презентација на геонаучна тематика, објави на Фејсбук професорот Ивица Милевски кој е ментор на тимот.

Тимот беше составен од учениците Кристина СпасовскаЈована МаниќОливер Куновски и Сара Стојчевска.

Тринаесетото издание на Светската олимпијада за геонауки се одржува од 26-ти август до 3-ти септември во Даегу, Јужна Кореја. Учениците ги тестираат своите теоретски и практични знаења во повеќе полиња од геонауката. Главната цел на Олимпијадата е да го зголеми интересот на учениците и да ја подигне јавната свест за геонауките.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот