„Златните“ српски одбојкари пристигнаа во Белград! (ВИДЕО)

принсткрин/kurir.rs

Европските одбојкарски шампиони веќе се наоѓаат во српскиот главен град, пред 13.00 часот слетаа на аеродромот „Никола Тесла“ каде беа пречекани од голем број на навивачи и новинарски екипи.

Да потсетиме, во големото финале на Европското првенство во Париз со резултат 3:1 по сетови славеше српската репрезентација против Словенија и по третпат стана шампион на Европа.

Како по традиција српските шампиони, така и во овој случај со одбојкарите, вечерва од 20.00 часот се очекува да бидат на балконот на градското собрание во Белград.

Интересен беше и фактот што на аеродромот со ист авион заедно со одбојкарите на Србија пристигнаа и младите кошаркари на Црвена Звезда.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот