Златните резерви го спасија домашниот пазар во Србија

Архива на СП

Во моментов Србија има 31,26 тони злато, што е зголемување за 50 отсто во однос на истиот период минатата година, додека вкупната вредност на златото во девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) моментно изнесува 1,58 милијарди евра.

Благодарение на инвестирањето во злато последните години, Србија успеа да обезбеди 31,26 тони од овој скапоцен метал и со тоа да го осигура домашниот пазар од прекумерното штетно влијание на пандемијата на новиот коронавирус врз економијата и т.н. ефект на „црн лебед”, изјави Зоран Грубишиќ, професор на Белградската академија за банкарство.

Според него, златото отсекогаш се покажало дека е добар чувар на вредностите во „турбулентни” времиња, особено кога трае економската криза и кога е непредвидливо колку длабоки ќе бидат последиците врз една земја.

Во моментов Србија има 31,26 тони злато, што е зголемување за 50 отсто во однос на истиот период минатата година, додека вкупната вредност на златото во девизните резерви на Народната банка на Србија (НБС) моментно изнесува 1,58 милијарди евра.

Според најновите податоци, златото учествува со околу 11 отсто во вкупните девизни резерви на Србија.

Во изминатите неколку дена, цената на златото изнесуваше околу 1.712 долари за унца, па пресметката покажува дека растот на цената на „жолтиот метал” од околу 14 проценти, придонесе за раст на вредноста на девизните резерви на Србија.

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот