Златни медали за Македонија на Европското шотокан првенство

ipon.mk

Статистиката вели дека нашите каратисти освоија вкупно 40 медали од кои 12 златни, 14 сребрени и 23 бронзени медали на Европското шотокан првенство што се одржа во СЦ „Борис Трајковски“.

Нина Ѓорѓевиќ е европски шампион во сениорска конкуренција која во финалето со 5:0 триумфирше над Романката Изабел Каларасу.

Машкиот ката тим е вицешампион кај сениорите, откако во битката за златниот медал претрпе пораз со 4:1 од Турција.

Женскиот ката тим на Македонија го освои бронзениот медал во сениорска конкуренција.

Мерсиха Беговиќ Делалиќ се врати на татамито и ја освои шампионската титула, а исто така златен беше и Горан Алексовски – Конти во мастерс категоријата од 41-46 години.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот