„Златната“ шанса на Елмас, но Буфон чудесно одбрани! (ВИДЕО)

фото: инстаграм

Доби шанса од тренерот Џенаро Гатузо од 88 минута како замена за Зиелински и можеше многу лесно во самиот финиш од средбата да биде клучниот играч за триумф.

Наполи го освои шестиот куп трофеј во Италија после победата над Јувентус на „Олимпико“ во Рим.

Македонскиот репрезентативец Елиф Елмас со своите соиграчи после натпреварот го славеа освоениот трофеј.

Првиот освоен трофеј во мојата кариера со специјален тим, магична ноќ со надеж дека ова е само првиот од низа титули – напиша Елмас на „Инстаграм“.

Доби шанса од тренерот Џенаро Гатузо од 88 минута како замена за Зиелински и можеше многу лесно во самиот финиш од средбата да биде клучниот играч за триумф.

Непосредно пред изведувањето на пенал серијата, нашиот фудбалски „Дијамант“ се најде во одлична шанса да ја затресе мрежата на Јуве, но искусниот Џанлуиџи Буфон во 92 минута од судиското надополнување уште еднаш зошто е еден од најдобрите светски голмани.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот