Златната палата има 35 соби и препознатлив покрив: ВИДЕТЕ ја милионската вила на контроверзниот африкански диктатор (ФОТО+ВИДЕО)

Веста дека бившиот претседател на Зимбабве, Роберт Мугабе, еден од најнемилосрдните диктатори во модерната доба, починал на 95 години, ја обиколи светот.

Тој владеел 37 години, а сменет е од власта во 2017 година.

Бесот на јавноста го навлече и заради доста помладата жена Грејс, која сакала да ужива во луксузот. Времето често го поминувале во вилата „Плав кров“, а интересно е дека една српска фирма била задололжена за нејзината изградба.

Имотот се протега на 17 хектари, на само 25 километри од главниот Хараре.

Ентериерот е инспириран од кинеската архитектура, а странските медиуми пренесуваат дека самата изградба на објектот чинела 3,75 милиони евра, додека вкупната вредност на вилата, по луксузниот ентериер и пејзажи, се проценува на помеѓу шест и 7,5 милиони долари.

Целиот имот е заштитен со радарски систем. По бојата на покривот, палатата често ја нарекуваат „Плав кров“ или „Плава куќа“.

Куќата има 25 соби, спа, канцеларија и просторија за прием гости која се протега на два спрата.

Фото: Принтскрин

Трпезаријата е толку голема, што диктаторот и неговата сопруга можеле да угостат дури 30 луѓе на вечера или ручек.

Огромниот кревет е посебно дизајниран и рачно изработен за потребите на главната спална соба.

Внатрешноста на вилата прв пат е претставена на јавноста во 2010 година, пред венчавката на Боне Мугабе, ќерката на диктаторот. Пет милиони долари вредната прослава е одржана во вилата, а од страв дека фотографии од венчавката би можеле да го кренат прашањето од каде Мугабе има толку пари, Џорџ Чарамбе, портпаролот на претседателот на Зимбабве, објавил фотографии и ги појаснил деталите на изградбата.

Грејс Мугабе лично учествувала во опремување на домот, а британскиот Телеграф во текст од 2003 година ги пренесува зборовите на раководителот на градилиштето Александар Илиќ од „Енергопроект“, кој вели дека и Мугабе самиот ја надгледувал работата.

Блиску до палатата која ја изградила српската фирма, се наоѓа уште едно издание во кое Мугабе вложил милиони долари. Станува збор за луксузната вила „Грејсланд“, која името го добила по сопругата на Мугабе. Грејс или Гучи Грејс како што ја нарекуваат заради шопинзите во Европа, наводно огромната вила со 30 соби ја подигнала за самата себеси.

Фото: Профимедиа

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот