Златната одбрана на Димитриевски во финишот и големата радост за финале! (ВИДЕО)

фото: ffm.mk

Можеше многу лесно да се случи на полуфиналниот плеј-ф натпревар помеѓу Македонија и Косово да има продолженија.

Нашите најдобри фудбалери го слават пласманот во финалето каде што на 12 ноември во Тбилиси ќе ги одмерат силите против Грузија за пласман на ЕП.

Косовската селекција имаше убава шанса во 94 минута преку Жегрова, но неговиот удар го одбрани фантастичниот Димитриевски кој имаше секако голема улога во зачувувањето на предноста од 2:1.

На крајот беа запрени сите налети на противникот, следуваше големата радост на македонските репрезентативци предводени од селекторот Игор Ангеловски.

Нема многу време за славје бидејќи в недела веќе имаме нов меч од Лигата на нации, во Талин ќе ги одмериме силите против Естонија.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот