„Златната копачка“ Левандовски проговори за своите планови во иднина, Реал Мадрид е минато?

Полскиот репрезентативец, голгетерот на Баерн, Роберт Левандовски/ фото: EPA-EFE/Alejandro Garcia

Напаѓачот на Баерн Минхен и на полската репрезентација денеска ја прими „Златната копачка“ за 2021 година, а за време на церемонијата истакна дека е горд на признанието, но зборуваше и за интересот од Реал Мадрид.

– Многу сум горд и среќен на ова признание. Кога бев повреден, не бев свесен дека ќе дојдам до бројките кои ќе ме приближат до рекордот, но по враќањето на терените, верував дека тоа достигнување е можно – изјави Левандовски.

За Левандовски е неверојатно што успеа да го достигне рекордот на Герд Милер признавајќи дека и тој самиот не очекувал некој да го собори рекордот по бројот на дадени голови во една сезона во Бундеслигата кој го постави легендарниот Германец.
– Се уште не е готово, и понатаму сакаме да освојуваме титули. Сакам да и се заблагодарам на сопругата, соиграчите, тренерите и сите во Баерн. Доколку не беа тие, не би можел да освојам волку трофеи. Оваа награда им ја посветувам ја сите кои беа покрај мене во сиве овие години, среќен сум што заедно го постигнавме ова.

Зборувајќи за иднината, Полјакот призна дека има договор со Баерн Минхен и сака да остане на „Алијанц Арената“ иако откри дека во минатото неколку пати имал средби со првиот човек на Реал Мадрид, Флорентино Перез.
– Се сретнавме неколку пати, еднаш по натпревар на кој играа токму Баерн и Реал, но не можам да ви кажам за што зборувавме – додава Левандовски.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот