„Златната копачка“ е замената за Суарез на „Камп Ноу“!?

фото: твитер

И додека фудбалскиот свет своите погледи ги насочува кон Лионел Меси и неговата намера да си од Барселона, на фудбалскиот пазар останува активен каталонскиот гигант.

Наскоро од „Камп Ноу“ би можел да си замине и Луис Суарез, а веќе новиот тренер Роналд Куман е во потрага по сериозна замена за уругвајскиот напаѓач.

Јувентус тргна по Суарез, Уругваецот бара 25 милиони евра од Барселона

Барса има желба да ја ангажира „Златната копачка“ на Европа, станува збор за Чиро Имобиле кој и натаму не го продолжил договорот со Лацио, па би можел да биде продаден.

Вредноста на играчот е 60 милиони евра, италијанскиот репрезентативец во сезоната 2019/20 успеа да реализира 35 голови, еден повеќе од Роберт Левандовски (Баерн Минхен), а Кристијано Роналдо (Јувентус) застана на 31.

30-годишниот играч во својата кариера беше дел уште од Јувентус, Сиена, Гросето, Пескара, Џенова, Торино, Борусија Дортмунд, Севиља и Торино.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот