ЗЛАТНА РАМКА: Годишна ревија на македонски филмови

Второто издание на ревијата на македонски филмови „Златна рамка“ со мото „Во наш филм“ ќе се одржи од 14 до 16 февруари во МКЦ. Домашната публика ќе има можност да ги погледне новите остварувања во македонската кинематографија, а филмските работници ќе можат да разменат мислења и искуства за нивната работа.

Ревијата „Златна рамка“ е еден вид отчет пред домашната публика. Филмската програма содржи 22 филма во три програмски целини (долгометражни, краткометражни и документарни филмови). За време на проекциите, публиката ќе има можност да ги проследи филмовите заедно со авторите што ги создале и да учествува во дискусиите што се предвидени по секоја проекција.

Покрај филмската ревија на „Златна рамка“ ќе се одржат Собрание на ДФРМ и промоција на брошурата „Прирачник за филмаџии“ на 14 февруари; Презентација на МЕДИА деск Македонија на тема „Како се евалуираат проектите на Медиа?“ и доделување почесни награди за филмските професионалци: најдобар филмски автор, филмски актер и филмски работник на 15 февруари; и Трибина во организација на „Златна рамка“ со наслов „Жената во македонскиот филм“ на 16 февруари. Иницијатор и организатор на „Златна рамка“ е ДФРМ во соработка со Агенцијата за филм и Младинскиот културен центар.

(Текстот е објавен во „Културен печат“ број 17, во печатеното издание на „Слободен печат“ на 8-9 февруари 2020)

Прочитај повеќе

ИНТЕРВЈУ со Зоран Кардула: Разумот и солидарноста мора да победат

Тони Димков

Нов независен театар: „Златен Елец“ како можност за невработените актери

Тони Димков

Нова книга: „Маркации на новиот театар“ од Тодор Кузманов

Тони Димков

Драги Неделчевски: Фотограф што „краде“ слики од светот што го окружува

Тони Димков

Во Словенија: Големо признание за Лидија Димковска

Тони Димков

Пишувачки предизвик на „Три“: Карантински приказни – Антологија на изолацијата

Тони Димков

Остави Коментар

Прочитај повеќе

ДОНАЦИЈА на „Арс ламина“: Книги за библиотеката во „СОС Детско село“

Тони Димков

Пораки по повод Светскиот ден на театарот

Тони Димков

Излезе „Културен печат“ број 24 во весникот „Слободен печат“

Тони Димков

ЖИВОТ и работа во Њујорк: Зрела, уникатна и силна личност

Тони Димков

НОВ албум: „Хјубрис“ од Крсте Роџевски

Тони Димков

ИЗЛОЖБА во Финска: „Личен објект“ од Јане Чаловски поставена во Хелсинки

Тони Димков