Златко Далиќ им одговори на Јапонците: Никогаш не ги потценувајте Хрватите

Хрватска го брка своето второ финале на Мундијалите/фото: EPA-EFE/Georgi Licovski

Хрватската фудбалска репрезентација направи уште еден чекор напред на Светското првенство во Катар откако на пенали во осминафиналната фаза ја елиминираше Јапонија.

Избраниците на селекторот Златко Далиќ кои се светски вицешампиони во четвртфиналето ќе играат против Бразил или Јужна Кореја.

Далиќ изјави дека натпреварот против Јапонците беше тежок, борбен и квалитетен.

– Одигравме добро. Одличен резултат е да се биде меѓу осумте најдобри во светот. Противникот беше ангажиран. Имавме пас контрола, но си направивме проблеми со губењето на топката при кратки додавања, а потоа примивме гол. Јапонија во некои свои најави пред мечот кажаа дека ќе биде лесно со Хрватска. Никогаш не ги потценувајте Хрватите. Можеби сме мали, но ние сме храбри, борбени, верни и да одиме до крај. Упорноста и вербата на момците вроди со плод. Можам само да честитам на момците, до каде стигнавме, што добивме и што направивме – рече Далиќ.

Својот четвртфинален натпревар на СП „коцкестите“ ќе го имаат на 9 декември во Ал Рајан.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот