Златен медал за Божиноска на карате турнирот во Самобор

фото: facebook.com/GrandPrixCroatia

Прво место освои каратистката на „Олимпик 2007 Македонија“, Магдалена Божиноска, а со бронзи се закитија Стефан Стојановиќ и Марија Петровска.

Македонските каратисти успеаја да освојат вкупно три медали на 29. издание на традиционалниот меѓународен турнир „Карате Гран При Хрватска“.

Во „кумите“ (јуниори, -76 кг.) третото место го освои Стефан Стојановиќ од карате клубот „Макпетрол“.

Бронзата со него го подели и Хрватот Александар Калабиќ (КК Сокол), прв беше Данило Кравчук од Украина, пред Бетим Малиќи од Косово.

Во „кумите“ (јуниорки, -48 кг.), Марија Петровска исто така од карате клубот „Макпетрол“ ја освои бронзата, третопласирана беше и Србинката Тамара Грчиќ, првопласирана Украинката Полина Марченко пред Кристина Цветанова од Бугарија.

И во „кумите“ (јуниорки, -59кг.), Магдалена Божиноска од карате клубот „Олимпик 2007 Македонија“ освои златен медал , пред Украинката Оксана Базелиук, на третото место се најде уште една украинска натпреварувачка, Елина Сиелиемиениева, како и Хана Дебељак од Словенија.

Комплетните резултати на сите тројца каратисти можете да ги погледнете ТУКА

На овој турнир во Спортската сала „Самобор“ учествуваа околу 2.000 илјади каратисти од 22 држави: Хрватска, Македонија, Азербејџан, Белорусија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Црна Гора, Чешка, Данска, Израел, Италија, Косово, Унгарија, Молдавија, Германија, Норвешка, Русија, Словачка, Словенија, Србија, Турција и Украина.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот