Златан во свој стил: Не дојдов во Милан да бидам маскота

epa08554129 Ac Milan's Zlatan Ibrahimovic reacts during the Italian serie A soccer match Ac Milan vs Bologna at Giuseppe Meazza stadium in Milan, Italy, 18 July 2020. EPA-EFE/MATTEO BAZZI

Швеѓанецот потврди дека наскоро ќе потпише нов договор со Милан.

Златан Ибрахимовиќ се врати во Италија и е подготвен да потпише нов договор со Милан.

– Конечно се е на своето место и конечно можам да се вратам таму каде што се чувствувам како дома – изјави Ибрахимовиќ по следувањето на миланскиот аеродром Линате.

Искусниот напаѓач и управата на „росоњерите“ се договорија Ибрахимовиќ да потпише едногодишен договор вреден седум милиони евра. Швеѓанецот во јануари се врати во Милан, потпиша шестмесечен договор и на 18 натпревари постигна 10 гола со што покажа дека и со 38. години може да игра на највисоко ниво.

– Како што и секогаш зборувам, не дојдов за да бидам маскота. Тука сум за да донесам резултати и да помогнам Милан да се врати таму каде што треба да биде. Имавме одлични шест месеци, но ништо не освоивме. Оваа сезона имам можност да бидам дел од тимот од самиот старт и мора сите да се жртвуваме за да ја оствариме целта – изјави Златан Ибрахимовиќ.
Новата сезона во Серија А треба да започне на 19. септември.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот