Златан повторно во елемент (ВИДЕО) – Слободен печат
СпортФудбал

Златан повторно во елемент (ВИДЕО)

Златан Ибрахимовиќ уште еднаш покажа зашто е најголема фудбалска атракција во САД.

Сезоната во МЛС сезоната во САД е полн ек, по 20 кола лидери во двете конференции се екипите на Филаделфија и Лос Анџелес. Но, не ЛА галакси во кој настапува Златан Ибрахимович туку Лос Анџелес каде прва ѕвезда е Мексиканецот Карлос Вела. Вела е најдобар играч во МЛС сезоната досега, тој е прв стрелец со 19 голови, а има дури и 12 асистенции.

Новинарот кој имаше чест да го интервјуира Ибрахимовиќ го интересираше дали и понатаму се смета за најдобар играч во МЛС, иако статистиката е на страната на Вела.

„Далеку најдобар иако тој е во своите најдобри години. Колку е стар Вела?“, го праша Ибрахимовиќ новинарот.
„29“, беше одговорот на новинарот.
„Тој се наоѓа во своите најдобри години и игра во МЛС. Кога јас имав 29 години каде играв?“, рече Златан.
„Вие игравте во Европа“.
„Голема разлика. Така е“, заврши Ибрахимовиќ.

Златан Ибрахимовиќ оваа сезона има скор од 13 голови и 3 асистенции, а неговиот ЛА галакси, заостанува дури 12 бодови зад лидерот Лос Анџелес.

Преземањето на оваа содржина или на делови од неа без непосреден договор со редакцијата на Слободен Печат значи експлицитно прифаќање на условите за преземање, кои се објавени на сајтот.

Тагови

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Close