Златан откри кој е најдобар фудбалер на светот: Ги искулира Меси и Роналдо

twitter/BBC Sport

Швеѓанецот е личност чии зборови имаат голема тежина, независно од темата на разговор. Во разговор за магазинот „GQ“ Ибра одговараше на бројни прашања, а едно од тие беше кој според него и нејдобар фудбалер на светот. Интересно е што Златан во одговорот ги изостави Лионел Меси, освојувачот на шест златни топки и Кристијано Роналдо кој има една Златна топка помалку.

– Килијан Мбапе. Тој е човекот кој прави разлика. Иако сè уште е млад се надевам дека ќе продолжи напорно да работи и веќе е ѕвезда. Се надевам дека ќе остане гладен и никогаш нема да престане да го сака фудбалот. Во тој случај ќе продолжи на напредува. Мора да остане со ладна глава, што никогаш не е лесно – изјави Ибрахимовиќ.

За Швеѓанецот, постои само еден фудбалер од кој се обидувал да „краде“ потези.
– Кога играше, сите сакавме да ги копираме потезите на Бразилецот Роналдо. Имаше елегантен стил, чести пати знаев да ги следам неговите натпревари, но денеска повеќе не. Денеска најмил фудбалер ми е Мбапе – истакна Ибрахимовиќ.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот