Златан откри како дојде во Милан: Сопругата мислеше дека е луд

EPA/TONI GARRIGA

Златан Ибрахимовиќ по завршување на сезоната си заминува од Милан откако не успеа да најде заеднички јазик за продолжување на соработката со претседателот Ован Газидис.

Интересно е што меѓу првите кои му се јави на Ибрахимовиќ откако слушна дека си заминува од Милан е легендарниот директор на „росоњерите“, Адријано Галијани кој сега е директор на второлигашот Монца.
– Галијани ме повика и ми порача дека мојот стар Милан е оддалечен само 11 километри од Милано – вели Златан.

Ибрахимовиќ не крие дека многу го почитува Галијани и на медиумите им откри каков преговарач е поранешниот директор на Милан.
– Ми се допаѓа, спортскиот директор треба да биде како Галијани. Се сеќавам кога ме донесе првиот пат во Милан. Дојде кај мене во Шведска и ми рече дека не се враќа сам, односно мора со него да дојдам и јас. Сопругата мислеше дека е луд – открива Ибрахимовиќ.

Галијани заедно со поранешниот сопственик на Милан, Силвио Берлускони имаат нов проект, Монца која во следната сезона ќе настапува во Серија Б, а планот им е да ја направат една од најдобрите италијански екипи.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот