Златан одлучи, останува во Милан и следната сезона

Златан Ибрахимовиќ вели дека Оливие Жиру ќе биде најдобар стрелец на СП 2022/фото: EPA-EFE/SERENA CAMPANINI

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ ќе потпише нов договор со италијаннскиот тим, пренесува италијански Скај.

Скај пишува новиот договор Ибрахимовиќ ќе го потпише во наредните денови, а платата на напаѓачот ќе изнесува 1,5 милион евра плус бонуси.


Ова е значително намалување на платата, бидејќи со претходниот договор Златан заработуваше околу седум милиони евра годишно.

Ибрахимовиќ во Милан се врати во 2020 година и минатата сезона со „росонерите“ ја освои титулата. На крајот на мај, тој имаше операција на коленото поради што неговото враќање на терените се очекува да биде кон крајот на годината.

Во својата кариера Златан Ибрахимовиќ играше и за Малме, Ајакс, Јувентус, Интер, Барселона, ПСЖ, Манчестер Јунајтед и Лос Анџелес Галакси.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот