Златан можеби ќе го напушти Милан, но ќе остане во Серија А!?

фото: твитер

Миланскиот клуб се обидува да го задржи Швеѓанецот, бидејќи имаше големо влијание на играта на екипата откако дојде во јануари.

Како што пренесуваат италијанските медиуми, шведскиот фудбалер има намера и наредната година да игра во Серија А.

Договорот на Златан Ибрахимовиќ со Милан важи до крајот на годината, но постои и можност да остане уште една сезона со „росонерите“.

Миланскиот клуб се обидува да го задржи Швеѓанецот, бидејќи имаше големо влијание на играта на екипата откако дојде во јануари.

Но, 38-годишниот Ибра би можел и да го напушти „Сан Сиро“ и се пресели во друг италијански клуб, лут поради тоа што спортскиот директор Звонимир Бобан доби отказ.

Досега во дресот на Милан има учинок од четири голови на 10 одиграни натпревари.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот