Златан ја продолжува својата мисија во Милан и на 40. години

„Росонерите“ се договорија за продолжување на договорот со Швеѓанецот за уште една сезона, односно до леторо 2022 година, пренесуваат италијанските медиуми.

Договорот е постигна, а ќе биде официјализиран во наредните 10-тина денови со што Златан Ибрахимовиќ и наредната сезона ќе биде дел од тимот на Милан.
Челниците на Милан се договорија со Швеѓанецот за едногодишна соработка која ќе трае до јуни 2022 година, а притоа на „росонерите“ не им смета податокот дека Ибрахимовиќ во октомри ќе наполни 40. години.
Тој се врати во Милан во јануари минатата година и на 34 натпревари во Серија А постигна 25 голови.
Според новиот договор, платата на Ибрахимовиќ ќе изнесува 6.5 милиони евра, а ќе добие дополнителни 500.000 евра доколку Милан обезбеди учество во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот