Златан и Милан не запираат, го решија и Сасуоло (ВИДЕО)

epa08559274 Milan's Zlatan Ibrahimovic (2-R) scores the 1-0 goal during the Italian Serie A soccer match US Sassuolo vs AC Milan at Mapei Stadium in Reggio Emilia, Italy, 21 July 2020. EPA-EFE/ELISABETTA BARACCHI

Екипата на Милан и во деветтиот натпревар откако Серија А продолжи по тримесечната пауза, не се поразени. „Росоњерите“ како гости со 1:2 го совладаа Сасуоло и се искачија на петтото место на табелата кое води во групната фаза во Лигата на Европа.

Милан во последните девет кола има дури седум победи и само два порази и тие се најдобриот тим по рестартот на сезоната, а во последнте три кола во битката за петтото место влегува со бод повеќе од Рома и три од Наполи кој има и натпревар помалку.


Човек на одлука против Сасуоло беше Златан Ибрахимовиќ кој ги постигна и двата гола. Одличниот Швеѓанец првиот гол го даде во 11. минута по асистенцијата на Чалканоглу додека вториот го постигна во последните моменти од полувремето. Голот за Сасуоло беше дело на Франческо Капуто во 42. минута и тоа од пенал.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот