Зизу не се откажува: Реал верува во размена, Бејл за Погба!

фото:твитер

Францускиот репрезентативец е на удар поради своите перформанси во дресот на „црвените ѓаволи“ во претходниот период. Минатата сезона Погба воглавно беше под очекуваното ниво, додека во тековната 2019/20 го мачат повредите.

Но, Зизу и покрај тоа сака да соработува со својот сонародник во Реал Мадрид, а тоа го истакна и претседателот на клубот, Флорентино Перез.

На „Олд Трафорд“ не сакаат така лесно да се откажат од светскиот шампион, иако „кралевите“ се сигурни дека премиерлигашот истовремено го посакува Герет Бејл во своите редови во јануари и дека тој момент може да го искористат за конечно Погба се пресели на „Сантјаго Бернабеу“.

Велшанецот некако остана во Мадрид во текот на летниот период, имаше „астрономска“ понуда од Кина, но шпанскиот гигант во последен момент побара обесштетување од Џангсу и не се реализираше трансфер.

Досега сезонава Бејл за „кралскиот“ клуб постигна два голови во седум натпревари, се наоѓа во „лоши“ односи со својот тренер, и натаму се наоѓа пред излезните врати на клубот.

Мадридската екипа верува дека тој би можел да биде „клуч“ за ангажирање на Погба, па ќе видиме како ќе се одвива ситуацијата во претстојниот зимски преоден рок.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот