Жителите на Хиподром 2 преплашени – Секојдневно наоѓаат змии во своите дворови (ФОТО)

Неколку граѓани деновиве реагиираа до Општина Гази Баба под која се наоѓа населбата Хиподром 2, дека во нивните дворови и по самите улици многу често се појавуваат змии.

Тие се преплашени и молат општината да преземе соодветни мерки. Исто така се пожалија дека населбата е обрасната цела во висока трева во која, како што велат, сигурно има цели фамилии на змии. Тревата и локалните депонии не се исчистени со години, велат тие.

Пред околу една недела за истото се пожалија и жителите на Бардовци, кои исто така забележа змии во голем број во нивната населба.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот