Зимско засилување во Милан од Премиер лигата?
Рикардо Родригез е пред излезните врати на Милан, Тео Ернандез сега е на неговата позиција покрај левата аут линија, па затoа ќе се обидат „росонерите“ да го продадат нивниот искусен дефанзивец во јануари.
Според италијанските медиуми, три екипи покажаа интерес за поранешниот играч на Волфсбург. Во прашање се две екипи од Бундес лигата, Борусија Дортмунд и Шалке, но и еден клуб од Премиер лигата, Евертон кој има кадровски проблеми поради повреди.
Интересно е тоа што токму „карамелите“ би можеле да ги засилат „росонерите“ во текот на јануари. Имено, Мино Рајола на Милан му го нуди Мојз Кин од „Гудисон“, како алтернатива за Златан Ибрахимовиќ.
Искусниот Швеѓанец бара големи пари, а наводно би можел да добие и понуда од Премиер лигата, па „росонерите“ би можеле да се откажат и го свртат вниманието кон младиот напаѓач на Еветон, кој минатото лето дојде во Ливерпул од Јувентус, но не ги оправда очекувањата.
Евертон за неговите услуги платија 27,5 милиони евра, па немаат намера така лесно да се ослободат од своите играчи. Од заинтересираните екипи, помеѓу кои е и Рома, би можеле да се обидат да го доведат евентуално како позајмица.