Зимската служба на Општина Карпош со активности на повеќе улици

Зимската служба на општина Карпош распрскува сол низ коловозот на целата своја територија, за да го олесни сообраќајот и движењето на граѓаните, информираат од Општината.

Во соопштението наведуваат дека во моментов се работи на потешко пристапните улици во населбите Жданец, Трнодол, Козле (долж улицата „Ловќенска”) и Бардовци. Исто така, соодветната механизација е активна и во централните населби на Карпош, во т.н урбано јадро.

-Рано утринава, Општината делуваше превентивно со емулзиона течност, за да се спречи замрзнување на коловозот во повисоките населби. Во таа насока, службите интервенираа навремено, со цел да се создадат услови за безбедно движење на сите жители, велат од Општината додаваат дека се организирани и дежурни комунални служби, кои во текот на утрешниот ден ќе работат на расчистување на снегот пред пофреквентните зони (градинки, основни училишта, маркети, аптеки и сл.).

Локалната самоуправа апелира до сите граѓани да користат зимска опрема на своите возила, да бидат внимателни и одговорни во сообраќајот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот