Зиков за спорот со Бугарија: Му верувам на Османи, тој не е соло-играч

Љупчо Зиков, новинар и аналитичар/ Фото: Слободен печат

Новинарот и политички аналитичар Љупчо Зиков смета дека албанскиот дел во Македонија во моментов се држи коректно со бугарското прашање.

-Сакам да оддадам признание. Тие се коректни, политички и професионално. Османи професионално се обидува да ја изврши задачата. Министерот сепак ништо не може без консултации на клучните луѓе кои се во работната група во Владата. Не е соло-играч. Тој засега добро се држи, рече Зиков во емисијата „Само вистина“ на телевизијата Канал 5.

Тој забележува дека и „српскиот и грчкиот аспект се држат добро во оваа ситуација“.

-Немам причина да не му верувам на Османи дека не се преговара за идентитетските прашања, констатира Зиков.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот