Зиков: Интерпелациите на опозицијата за неколкуте министри беа неподготвени

Колумнистот Љупчо Зиков во емисијата „24 анализа“ рече дека она што е индикативно за таа интерпелација е тоа што од класичен ПР аспект, опозицијата со овие интерпелации, без разлика колку тие се подготвени, повеќе е еден пиар во пресрет на пролетта и можност луѓето да го искажат незадоволството од власта.

– Она што може да се исчита од овие предлози за интерпелација на неколку министри е фактот дека тоа се неподготвени интерпелации. Заради тоа и опозицијата ја напушти седницата според мене, на таа интерпелација ако седеше опозицијата, ќе мораше да напаѓа, зошто таа ја повика интерелацијата, вели Зиков.

Според него, во времето на Груевски, аферите се криеја под тепих. Вели дека имаше техничка влада во 2019, каде министер за внатрешни работи беше Наќе Чулев. Оваа власта не е иста како претходната и борбата со организираниот криминал и корупција се интензивира.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот