Зигфрид Мурешан е последен романски предлог за еврокомесар во новиот состав на ЕК

Новата романска Влада ќе го предложи европскиот пратеник Зигфирд Мурешан за свој комесар во Европската комисија, соопштија денеска официјални претставници на владечаката Национално-либерална партија.

– Писмото до Брисел ќе биде испратено подоцна во текот на денот или утре рано наутро – изјавил висок претставник на партијата кој е запознат  со процесот на номинација.

Од друга страна, уште еден висок партиски функционер за британските медиуми потврди дека во партијата е договорено Мурешан да биде нивниот предлог за нов еврокомесар.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот