1.1 C
Скопје

Зидан воопшто не размислува за оставка

Французинот кој седи на клупата на Реал Мадрид изјави дека не планира да поднесе оставка по поразот од Шахтјор во Лигата на шампионите.

„Кралевите“ вчера загубија на гостувањето во Украина со 2:0 во петтото коло од Лигата на шампионите и си ја закомпликуваа ситуацијата на табелата и пласманот во осминафиналето.

Со поразот Реал Мадрид падна на третото место на табелата со седум бода, иско колку што има и Шахтјор, додека лидер е Борусија Менхенгладбах со осум бода, а и последнопласираниот Интер има своја шанса за осминафинале бидејќи има пет бода и во последното коло игра на домашен терен против украинскиот тим.

– Не, нема да поднесам оставка. Поминуваме низ тежок период, но ќе продолжиме да се бориме. Одигравме одлично прво полувреме, можевме да постигнеме гол – изјави Зидан.

Лошата форма на Реал Мадрид се манифестира и во Ла Лига каде во последното коло на домашен терен загуби од Алавес.
– На тој натпревар не игравме добро. Сега бевме добри, не заслуживме да загубиме, но фудбалот е таков. Мора да се опоравиме и да мислиме на наредниот натпревар – додава Зидан.

Прочитајте и...  Три екипи од Серија Б со интерес за Несторовски

Токму наредниот натпревар на Реал Мадрид може да ја одреди судбината на Зинедин Зидан на клупата. „Кралевите“ наредниот викенд ги очекува дерби дуел во Ла Лига против Севиља, а потоа на домашен терен играат со Борусија Менхенгладбах во последното коло од групната фаза во ЛШ.

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез ќе му даде шанса на Зидан да го спаси своето столче на наредните два натпревари, но во исто време започна потрага по негов наследник.

Главен кандидат за нов тренер е Маурицио Покетино кој долги години се поврзува со клупата на Реал Мадрид. Покетино веќе една година е без ангажман по заминувањето од Тотенхем, а во исто време се поврзува и со клупите на двата тима од Манчестер, Јунајтед и Сити.
Вториот кандидат според „Марка“ е легендата на клубот, Раул Гонзалес. Раул моментно е тренер на вториот тим на Реал и според весникот тој е идеалниот наследник на Зидан кој тренерската кариера ја започна на идентичен начин.

Прочитајте и...  РФМ ја прекина соработката со досегашниот селектор Брестовац

Поврзани вести

Фантастична партија на Димитријевиќ за триумф на Хувентуд

Слободен печат

ВИДЕО: Жешко е на „Дерби дела Мадонина“: Ибрахимовиќ и Лукаку во клинч

Слободен печат

ВИДЕО: Алиоски и Лидс подобри од Њукасл

Слободен печат

ВИДЕО: Голчиште на Барди за триумф на Леванте

Слободен печат

Лаутаро ќе потпише нов договор со Интер и ќе има анти-Јуве клаузула

Слободен печат

Барселона не им ги исплатила платите на фудбалерите за декември

Слободен печат

Остави Коментар