Зидан во изолација, нема да го води Реал против Осасуна!

Фото: принтскрин/твитер

Шпанскиот шампион Реал Мадрид ќе биде домаќин на Осасуна следната сабота во рамките на 18 коло во „Ла Лига“, и на тој натпревар ќе биде без главниот тренер Зинедин Зидан.

Според клубот, Французинот бил во контакт со заразено лице од ковид-19 и следните неколку дена ќе ги помине во изолација, соопштија извори блиски до шпанскиот клуб.

Тој е во изолација“, изјавија истите извори за агенцијата „Франс Прес“, додавајќи дека „кралевите“ ги чекаат резултатите од тестовите за да се утврди точната здравствена состојба на францускиот стратег.

„Кралевите“ воедно ќе бидат без капитенот Серхио Рамос (Серхио) кој има стомачни проблеми, како и повредениот Родриго.

По 17 одиграни натпревари, Реал е втор на табелата со два бода помалку од градскиот ривал Атлетико, кој пак има два натпревари помалку.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот