Зидан: Судиите не го фаворизираат Реал Мадрид!

твитер

Ремито на Барселона против Севиља не значи ништо, вели францускиот тренер на „кралевите“.

Зинедин Зидан, тренерот на Реал Мадрид ги имаше своите размислувања пред неделниот натпревар во рамките од шпанската „Ла Лига“ против Реал Сосиедад.

Со евентуални три бода „кралевите“ повторно ќе се искачат на врвот во генералниот пласман после ремито на Барса против Севиља.

И покрај ремито на каталонскиот клуб и сега шансата на Реал да триумфира на секој меч до крајот на сезоната што ќе им значи освојување на титулата, така не мисли францускиот тренер.

Ремито на Барселона не значи ништо. Имаме нов натпревар в недела. Наше е да го дадеме максимумот и не размислуваме на ништо друго – рече Зидан.

После ја коментираше и изјавата на фудбалерот на Барса, Жерар Пике, дека Реал Мадрид има бенефит од судиските одлуки од враќањето на терените после паузата.

Мене ме интересира само утрешниот меч. Секој има право на свое размислување. Дуелот против Реал Сосиедад е тоа што моментно го интересира мојот клуб. Дали судиите го фаворизираат Реал Мадрид од враќањето на терените, мојот одговор е „не“. Моите играчи се интелигентни и никогаш нема да им наредам што треба да кажат – додаде Зизу.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот