Зидан со одлични вести пред мечот против Барди!

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Тимот на Зинедин Зидан забележа два ремија на последните два натпревари, па победата е императив, а тренерот на Реал конечно доби и некои добри вести.

Имено, Еден Азар и Хамес Родригез го одработија денешниот тренинг со остатокот од тимот и ќе му бидат на располагање на францускиот стратег за натпреварот против Леванте. Овој меч Реал против Леванте на македонскиот репрезентативец Енис Барди ќе го игра на 14 септември (сабота) во невообичаен термин од 13.00 часот.

Двајцата играчи беа повредени, а иако Азар доби повик за репрезентативни обврски, тој беше брзо ослободен и не играше за Белгија, при што Родригез за време на паузата остана во Мадрид.

Реал има уште неколку повредени играчи, па Брахим Дијаз направи некои вежби со остатокот од тимот пред да се пресели на индивидуален тренинг. Од друга страна, Марко Асенсио и Иско продолжија со своето опоравување.

Следната недела Реал исто така игра на гостувањето во Лигата на шампионите против ПСЖ, па сигурно враќањето на Азар и Родригез многу ќе му значи на Французинот.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот