Зидан останува на клупата на Реал Мадрид и следната сезона

Зинедин Зидан/фото: EPA-EFE/Kiko Huesca

Зинедин Зидан ќе биде тренер на Реал Мадрид и наредната сезона без разлика дали во оваа сезона екипата ќе освои трофеј.

Според радиото „Кадена СЕР“, управата на Реал Мадрид донела конечна одлука Зинедин Зидан да остане на клупата и следната сезона без разлика дали ќе освои трофеи во двете натпреварувања, Ла Лига и во Лигаана шампионите.
Реал Мадрид вечерва од 21 часот го игра реванш натпреварот од полуфиналето од ЛШ против Челси (1:1 од првиот натпревар), а „кралевите“ се во игра и за титулата во Ла Лига бидејќи имаат само два бода помалку од лидерот Атлетико Мадрид на четири кола до крајот.

„Изгледа дека Зинедин Зидан е задоволен од својата позиција во клубот. Неговата идеја и желба е да  остане иако такво нешто никогаш не кажал официјално. Исто така во клубот се воодушевени од неговата работа, згора на тоа ја имаа поддшката од фудбалерите. До евентуална разделба би дошло само доколку се случи нешто непредвидено и необично“, известува „Кадена СЕР“.

Шпанското радио исто така известува дека Зидан сака да биде дел од новиот проект на претседателот Флорентино Перез во кој ќе има нови ѕвезди во екипата. Перез планира нова ѕвезда на идните „галактикоси“ да биде Килијан Мбапе, а ќе се обиде да го донесе и Ерлинг Халанд од Борусија Дортмунд.
Доказ дека Зидан одлично си ја врши работата на клупата на Реал Мадрид, доказ се освоените трофеи, Французинот досега освои 11 трофеи, од кои три се во Лигата на шампионите.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот