Зидан му го искрши автомобилот, а тој му бара селфи

Тренерот на Реал Мадрид успева да измами насмевки на лицата дури и кога ќе погреши.

Зинедин Зидан минатата сабота предизвика сообраќајна несреќа во Мадрид, но сè се заврши на шармантен начин. Игнацио Фернандез возејќи низ населбата Валдебебас, при влезот во кружен тек сакаше да го пропушти возилото пред него, но при кочењето беше удрен од друг автомобил.

Иако најчесто во таквите ситуации стресот е на највисоко ниво, Фернандез многу брзо се смири кога виде дека бил удрен од Зинедин Зидан.

– Штом го видов, го препознав и му реков: Би сакал да ве запознаам во поинакви околности, но ни вака не е лошо – изјави Фернандез за шпанските медиуми.

Очекувано, тој не пропушти да се фотографира со тренерот на Реал Мадрид.
– Ми реков дека мора да направиме „селфи“ бидејќи во спротивно никој нема да ми поверува дека сум бил удрен од Зидан. Беше многу љубезен, ја симна капата и се фотографиравме – додаде Игнацио Фернандез.

Набрзо по сударот на Игнацио му се јавил и портпаролот на тренерот.
– Ми се заблагодари бидејќи работата беше експресно завршена и што од Зидан не барав некакви услуги како дрес на Реал Мадрид или евентуално да барам билети за натпревар на Реал Мадрид, бидејќи во тој момент Зидан одел на тренинг.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот