Зидан му даде ултиматум на Перез

EPA-EFE/FERNANDO ALVARADO

Зинедин Зидан кон пред два месеци повторно седна на клупата на Реал Мадрид, се закани со оставка доколку претседателот Перез продолжи да му се меша во изборот на новите фудбалери.

Французинот минатата година, веднаш по освојување на титулата во ЛШ, поднесе оставка од тренерската функција во Реал Мадрид поради мешањето на Флорентино Перез во клупската политика, односно одбивањето да ги слуша барањата на самиот тренер околу новите засилувања.

Зидан, пред два месеци повторно се врати на клупата на „кралскиот“ клуб откако доби гаранции дека тој ќе одлучува за играчкиот кадар, односно неговиот збор ќе биде последен за ангажман или продавање на фудбалери.

Последниот конфлит по кој Зидан се закани со ново заминување, настана откако Перез во медиумите соопшти дека клубот мора да го купи Нејмар од ПСЖ, додека Зидан воопшто не е љубител на играта на Нејмар и смета дека е подобро да се ангажира Пол Погба.

Сепак, Французинот најверојатно ќе мора да се помири со фактот дека и Погба нема да дојде до Реал Мадрид, бидејќи покрај големата плата која ја бара за да потпише за „кралевите“ од 28 милиони евра, тој доби непријател и во капитенот Серхио Рамос. Имено, Рамос имал состанок со Перез на кој барал да не го купува Погба бидејќи негативно ќе влијае на атмосферата во соблекувалната.

Зидан, можеби ќе ја загуби битката за Погба, но не е подготвен да ја загуби и за голманот Кејлос Навас. Тој смета дека Навас треба да биде прв голман на екипата, а не Тибо Куртоа кој минатото лето беше купен за 40 милиони евра.

– Кејлор има договор со Реал Мадрид, ќе видиме што ќе се случува. Премногу се зборува за преодниот рок, а сезоната уште не е завршена. Доколку не можам да одлучувам кој ќе биде дел од мојата екипа, ќе си одам – е заканата на Зидан до претседателот Перез.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот