Зидан ја крои листата на „отпишани“ во Реал Мадрид!

фото: твитер

Како што се најавува, 12 играчи во понеделник ќе ги започнат подготовките за новата сезона, а останатите ќе им се придружат после репрезентативните обврски.

На првиот тренинг на Реал Мадрид се очекува да бидат Марсело, Милитао, Начо, Каземиро, Модриќ, Валверде, Иско, Бензема, Винисиус, Родриго, Одегард (се врати од позајмицата во Сосиедад) и Лукас Васкез.

Повикани во своите национални репрезентации од „кралскиот“ клуб се Куртоа, Азар, Рамос, Карвахал, Асенсио, Регилон, Оскар, Лунин, Мендри, Варан, Крос, Бејл и Јовиќ.

Реал денеска практично продаде двајца играчи, Оскар ќе оди во Севиља, Брахим во Милан, а се чека и договорот околу Родригез со Евертон. Овие тројца не се очекува да се вратат во составот на Зинедин Зидан.

Останува да се види што ќе се случи со напаѓачите Мајорал и Маријано Дијаз кои не се во плановите на францускиот тренер, како и Себаљос кој веројатно ќе остане во Арсенал.

Регилон би требало да оди на позајмица, а Одриозола доби продолжен одмор откако неодамна со Баерн како позајмица ја освои титулата европски шампион, па наскоро ќе биде на тренинзите на мадридскиот гигант.

Што ќе се случува со Бејл? Велшанецот иако не е во плановите на Зидан, не сака да си оди од клубот, нема ни понуди, убаво му е на клупата, и воедно ги лути навивачите со партиите голф во слободно време.

Дали се планираат нови засилувања? Се шпекулираше доаѓање на Кавани, Французинот ќе го задржи Јовиќ, Србинот се очекува да добие нова шанса да се докаже во нападот.

Останува да се види дали евентуално може некој од екипата која ја освои младинската Лига на шампионите може да се избори преку тренинзите да се избори за место во првиот тим.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот