Зидан ги израдува навивачите на Јуве: Италија ми е во срцето, тој клуб е посебен за мене

epa08901403 Real Madrid's head coach Zinedine Zidane reacts during a Spanish LaLiga soccer match between Real Madrid and Granada CF at Alfredo Di Stefano stadium in Madrid, Spain, 23 December 2020. EPA-EFE/JuanJo Martin

Реал Мадрид вчера го совлада Ливерпул со 3:1 во првиот четвртфинален натпревар во Лигата на шампионите, и со победата се симна притисокот над тренерот Зинедин Зидан. Французинот неодамна повторно се најде на удар на јавноста поради неубедливите игри на Реал Мадрид во последно време.
Медиумите шпекулираа дека Зидан има џентлменски договор со претседателот Флорентино Перез, според кој на крајот од сезоната доколку сака може да си замине од клупата, а со тоа започнаа и шпекулациите за неговиот иден клуб.
Јавноста веднаш го постави Зидан за главен фаворит за клупата на Јувентус каде Андреа Пирло се наоѓа пред отказ.
– Дали ми недостасува Итлаија повеќе од Дел Пјеро? Подеднакво, Италија е во моето срце, во Торино поминав пет години и Јувентус е п-осебен клуб за мене. Мојата иднина во Јувентус? Засега сум тука, ќе видиме – изјави Зидан.
Зинедин Зидан пет години го носеше дресот на Јувентус, од 1996 до 2001 година и освои шест трофеи од кои два во Серија А.

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот