Зидан донесе конечна одлука, Перез го сака Италијанецот наместо клупската легенда

epa09135694 Real Madrid's head coach Zinedine Zidane reacts during the UEFA Champions League quarter final, second leg soccer match between Liverpool FC and Real Madrid in Liverpool, Britain, 14 April 2021. EPA-EFE/Peter Powell

Зинедин Зидан и дефинитивно на лето ќе си замине од клупата на Реал Мадрид.

Тоа што се шпекулираше изминатите неколку дена, сега доби потврда од неколку страни, Зидан на крајот од сезоната ќе си замине по завршување на сезоната.

Весникот „Марка“ кој важи за добро информиран медиуми кога станува збор за случувањата во Реал Мадрид, заедно со уште неколку медиуми открија дека Зидан веќе им соопштил на играчите дека си заминува од клубот по одигрување на натпреварот со Виљареал идната недела и ги мотивирал да дадат сѐ од себе за да ја освојат титулата, односно да победат во последните два натпревари и да се надеваат на кикс на лидерот Атлетико Мадрид.
Според „Марка“, Зидан се чувствува и физички и ментално исцрпено и смета дека сега е вистински момент да се повлече од клупата на Реал Мадрид, а тоа го најави и на вчерашната прес конференција.

– Понекогаш е потребно да останете, а понекогаш да си заминете и тоа за сечие добро. Вие можеби мислите дека би си заминал само затоа што работите се искомпликуваа, но тоа не е точно. Секогаш го правам тоа што е најдобро во одредени моменти. Некогаш доаѓате до момент кога на клубот му е потребна промена, јас сум тука за да работам за доброто на клубот, а не за себе – изјави Зидан.

Истовремено „Марка“ пишува дека претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, веќе ја има подготвено листата со потенцијални наследнци и на неа има само три имиња, Јоаким Лев, Масимилијано Алегри и Раул Гонзалес.
Засега главен фаворит за наследник на Зидан е Алегри и тоа бидејќи има далеку поголемо искуство од клупската легенда, Раул Гонзалес.
Актуелниот селектор на Германија, има најмали шанси да седне на „кралската“ клупа.

Реал има замена за Зидан: Една од најголемите легенди ќе ги води „кралевите“?!

 

Почитуван читателу,

Нашиот пристап до веб содржините е бесплатен, затоа што веруваме во еднаквост при информирањето, без оглед дали некој може да плати или не. Затоа, за да продолжиме со нашата работа, бараме поддршка од нашата заедница на читатели со финансиско поддржување на Слободен печат. Станете член на Слободен печат за да ги помогнете капацитетите кои ќе ни овозможат долгорочна и квалитетна испорака на информации и ЗАЕДНО да обезбедиме слободен и независен глас кој ќе биде СЕКОГАШ НА СТРАНАТА НА НАРОДОТ.

ПОДДРЖЕТЕ ГО СЛОБОДЕН ПЕЧАТ.
СО ПОЧЕТНА СУМА ОД 60 ДЕНАРИ

Видео на денот